Австриската енергетска корпорација ЕВН и бугарската Национална електрична компанија (НЕК) прексиноќа во Виена потпишаа договор со кој Австријците добиваат мнозински дел од бугарскиот хидроенергетски проект „Горна Арда“. Согласно договорот, потпишан од првите луѓе на двете компании, Бургхард Хофер и Красимир Парванов, ЕВН ќе има 70 отсто сопственост во акционерското друштво што ќе стопанисува со хидроенергетскиот систем „Горна Арда“, додека НЕК ќе ги добие останатите 30 проценти. Со проектот, вреден 500 милиони евра, се предвидува изградба на три хидроцентрали и обнова на постојната брана по каскадата на реката Горна Арда. Проектот треба да обезбеди редовно снабдување со електрична енергија на околу 100.000 домаќинства.
Австриската енергетска корпорација ЕВН и бугарската Национална електрична компанија (НЕК) прексиноќа во Виена потпишаа договор со кој Австријците добиваат мнозински дел од бугарскиот хидроенергетски проект „Горна Арда“.
Согласно договорот, потпишан од првите луѓе на двете компании, Бургхард Хофер и Красимир Парванов, ЕВН ќе има 70 отсто сопственост во акционерското друштво што ќе стопанисува со хидроенергетскиот систем „Горна Арда“, додека НЕК ќе ги добие останатите 30 проценти.
Со проектот, вреден 500 милиони евра, се предвидува изградба на три хидроцентрали и обнова на постојната брана по каскадата на реката Горна Арда. Проектот треба да обезбеди редовно снабдување со електрична енергија на околу 100.000 домаќинства.
Хофер рече дека станува збор за проект што е од големо значење за двете страни, додавајќи дека со изградбата на хидроцентралите во Бугарија ќе се отворат 3.000 нови работни места.